ПОВЕЌЕ

    Банкротираше најголемиот сопственик на трговските центри во Америка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Washington Prime Group (WPG), кој е водечки сопственик на трговските центри низ Соединетите држави, поднесе барање за банкрот. Компанија која поседува објекти на повеќе од 100 локации, ја појасни ваквата одлука дека потекнува од проблемите кои беа предизвикани од пандемијата со корона вирусот.

    Меѓу причините за банкрот се и последиците предизвикани од ограничувачките мерки како и намалувањето на закупнината на оние што го користат просторот.

    „Овие мерки предизвикаа голем пад на продажбата на храната во трговските центри и во рестораните, како и на други производи во малопродажните места“, рече компанијата во документот поднесен до стечајниот суд во Тексас.

    „Произлезе дека пандемијата со корона вирусот е несовладлива“, се додава во документот.

    Вкупниот долг на компанијата е 3,5 милијарди долари, покажуваат судските документи.

    Промената на потрошувачките навики и појавата на пандемијата ја потресоа малопродажната индустрија во текот на изминатата година ширум светот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично