ПОВЕЌЕ

    Азиските индекси паднаа под рекордните нивоа

    Време зa читање: 2 минути

    На азиските берзи во понеделникот, после четири дневен раст, цените на акциите паднаа. Сега тие се на највисокито ниво во историјата.

    Исто така и цените на нафтата го следат овој тренд.

    Индексот на акции во Азија и Пацифик MSCI, со исклучок на јапонскиот, се намали за 0,2 проценти околу 7:00 часот, откако во петокот достигна рекордно ниво.

    На берзата во Токио, индексот Nikkei падна за 0,6 проценти, додека цените на акциите во Шангај паднаа за 0,5 проценти, а во Хонг Конг 1,4 проценти. Во Јужна Кореја и Австралија, сепак, тие се зголемија помеѓу 0,2 и 0,6 проценти.

    На самиот почеток на денешното тргување, повеќето азиски берзански индекси бележат пораст, благодарение на новите рекордни нивоа на цената на акциите на Вол Стрит.

    Во петокот, и S&P 500 и индексот Dow Jones достигнаа историски рекорд затоа што инвеститорите очекуваат дека Конгресот наскоро ќе се договори за нов пакет мерки за економски стимул во вредност од околу 908 милијарди долари.

    Но, утрово, индексот на фјучерси S&P 500 е во мал минус бидејќи инвеститорите се загрижени за понатамошниот брз раст на бројот на нови инфекции, хоспитализации и смртни случаи од коронавирусот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично