ПОВЕЌЕ

    Австрија ќе има буџетски дефицит од 21 милијарда евра поради пандемијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Австриската влада проценува дека следната година буџетскиот дефицит ќе изнесува околу 21 милијарда евра.

    Главната причина за високиот дефицит е коронската криза, бидејќи владата мораше да вложи голема сума пари во мерки за спас на економијата.

    Поради растот на бројот на невработени, владата одвои повеќе пари за пазарот на трудот, а во таа област во буџетот се внесени 2,8 милијарди евра повеќе од планираното, пренесува Б92.

    Од друга страна, приходите се намалуваат, што е исто така последица на коронавирусот.

    Така, намалувањето на данокот на додадена вредност за гастрономијата се продолжува до крајот на следната година, што ја чини државата 1,5 милијарди евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично