ПОВЕЌЕ

    АНКЕТА НА ЕКО-СВЕСТ: Гасот посакувана опција за загревање на домовите ама недостапен

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дали природниот гас е енергетски спасител или скриен извор на ризици? Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго спроведе анкета која ги открива ставовите на граѓаните во Македонија за гасот како извор на енергија.

    Поголем дел од испитаниците иако не знаат дека гасот е фосилно гориво кое придонесува значително за глобалното затоплување и климатските промени го сметаат за поевтино и почисто споредено со нафтата, јагленот и огревното дрво. Кај една третина постои сомнеж и страв во поглед на безбедноста на користењето, но сепак доминантен дел би се приклучиле веднаш доколку имаат пристап до гасоводна мрежа. А, пристап до овој енергенс имаат само 12% од анкетираните.

    Најголема примена на гасот граѓаните гледаат во готвењето и загревањето во домовите. Седумдесет проценти од испитаниците сметаат дека гасот е најефтин енергенс и би сакале да имаат пристап до него, но дури 81% одговориле дека немаат можност да се приклучат на гасоводна мрежа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично