ПОВЕЌЕ

    Ендру Џексон веќе нема да биде на банкнотата од 20 американски долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Активистот против ропството, Хариет Тубман ќе го замени поранешниот американски претседател Ендру Џексон на банкнотата од 20 долари.

    Банкнотата со Хариет Табман, родена како роб во 1822 година, првично требаше да биде минатата година, но беше одложена за време на претседателот Доналд Трамп, кој ја карактеризираше како „чиста политичка коректност“.

    Бајден го започна процесот, а портпаролот на Белата куќа Jен Псаки рече дека Министерството за финансии бара начин да го забрза.

    Ендру Џексон беше сопственик на робови, а Хариет Табман, чие име беше Араминта Рос, беше активист за правата на црнците.

    Родена е како роб во државата Мериленд, од каде побегна на север во 1844 година, каде што со помош на аболицираните организираше 19 експедиции за време на кои беа ослободени 300 робови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично