ПОВЕЌЕ

    ПРВ ДЕЛ – АНАЛИЗА НА НАЈДОБРИТЕ 10 КОМПАНИИ СПОРЕД ОСТВАРЕНА ДОБИВКА

    Време зa читање: 3 минути

    Финансискиот портал pari.com.mk, заедно со платформата за податоци biznismreza.mk го подготвуваат најобемниот проект од аспект на финансиски податоци за најголемите 100 компании во Македонија. Ваквиот проект е од исклучителна важност за целокупниот макроекономски амбиент, со оглед на тоа што токму овие компании се крвотокот на националната економија. Исто така, ваквиот збир на податоци се солидна основа за сите поврзани сегменти(финансиски институции, УЈП, царина и сл.), но исто така делуваат и како поткрепа на државната статистика.

    Како најава за проектот кој се подготвува, денеска ќе изнесеме дел од заклучоците од таквиот збир на податоци, кој треба да даде насока околу тоа со какви добивки ја завршиле 2020 година, како короната се одразила врз целокупното работење и со каква основа ја започнале 2021 година.

    Правејќи споредба на податоците помеѓу 2019 и 2020 година, на прв поглед забележливо е дека во топ 10 компании за 2020 година се наоѓаат дури 7 компании кои биле на таа листа во 2019 година. Значи, 70% од топ 10 пазарот две години со ред е во рацете на ист центар на моќ.  Тоа може да се квалификува дека најмоќните компании сепак успеале да се одржат во ритам и покрај сите ограничувања од ковид кризата, но исто така и процент на пенетрација од 30% (3 нови компании во топ 10), не е за потецнување. Особено, ова доаѓа до израз кога ќе се земе во предвид големината на државата, можноста за развој на странски пазари и рестрикциите предизвикани од ковид-19. За издвојување е и податокот дека во топ 10 има компанија која остварила скок од 336 места, односно 339 компанија по големина на добивка во 2019 година сега е во топ 10.

    Истиот однос 70/30 важи и кога станува збор за географската дисперзија. 7 компании од топ 10 се сконцентрирани во Скопје, додека останатите 3 компании се од Кавадарци, Македонска Каменица и Радовиш.

    Од аспект на постигнатите резултати, вкупната добивка на топ 10 компаниите изнесува 17.4 милијарди МКД. Во оваа категорија има еден лидер со добивка од над 4 милијарди МКД, седум компании чија добивка изнесува во рангот од 1-2 милијарди МКД и две компании со остварена добивка под 1 милијарда МКД. Покрај крајното салдо, интересен податок е дека 50% од комапниите во топ 10 бележат пораст на добивката, додека другата половина од компаниите оствариле помали добивки, во споредба со 2019 година.

    Поединечно, читателите на pari.com.mk може да очекуваат дека лидер во ова одбрано друштво е компанија која е една од најмладите со стаж, а воедно и странска директна инвестиција.

    Најголем пад на остварана добивка, во апсолутни бројки, забележана е кај скопска компанија од индустријата трговија со метални руди, додека дијаметрално спротивни податоци, односно најголем пораст на добивка, евидентирала компанија која се занимава со црна металургија. Кога се анализира годишниот пораст на вкупна добивка, за одбележување е податокот дека имаме компанија која успеала и во ковид услови да генерира пораст од 238%.

    Друг аспект, кој може да го даде одговорот на успешно справување со ковид кризата, за топ 10 компаниите, е нивната определба кон реалното производство. Мнозинството од овие компании се занимаваат со производство на најразлични суровини и производи и тоа се покажало како добитна комбинација за маневрирање во турбулентниот бизнис простор.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично