Акционерите на Алкалоид од денес на своите сметки можат да ја очекуваат наградата за успешно завршената деловна година. Исплатата на дивидендата, според одлуката усвоена на мартовското акционерско Собрание, почнува на 13 мај.
Секоја акција на најголемата фармацевтска компанија носи бруто износ од 720, односно нето 648 денари. Вкупната сума предвидена за оваа намена е 1,03 милијарди денари или над 16,7 милиони евра. Паричниот фонд, споредено со исплатата на дивидендата за 2024 година, е зголемен за 14,3 насто.
Од работењето во текот на минатата година, Алкалоид оствари добивка од 32,2 милиони евра.
Аналитика








