ПОВЕЌЕ

    Активиран Блок 2 на РЕК Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Блок 2 на РЕК Битола е ставен во функција откако од мрежата, заради дефект на цевка во котелот, беше исклучен Блок 3.

    „Постројката вчера беше синхронизирана со електроенергетскиот систем во 15:55 часот. Подготвен за работа е и Блок 1 на РЕК Битола. Ќе биде ставен во погон согласно потребите на потрошувачите на електрична енергија во земјава и анализите на пазарот на електрична енергија“, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

    АД ЕСМ овој период ги задоволува потребите од електрична енергија на потрошувачите од своите производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои и овозможуваат на компанијата намалување на трошоците за работа. Притоа, од ЕСМ потсетуваат дека од 9 ноември до 16 декември 2023 и од 1 до 24 февруари годинава РЕК Битола работеше со сиот свој капацитет, со сите три блока на мрежа.

    „АД ЕСМ и во иднина ќе ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за потрошувачи врз основа на анализите што секојдневно се прават за расположливоста на сопствените производствени капацитети, побарувачката на струја, како и околностите на пазарот со електрична енергија“, наведено е во информацијата упатена до јавноста.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично