ПОВЕЌЕ

    Ако падне на Уставен, парите за „солидарецот“ ќе се враќаат од Буџетот 2024

    Време зa читање: 2 минути

    Доколку се случи солидарниот данок да падне на Уставен суд, големите компании кои се опфатени со оваа еднократна давачка, уплатените пари ќе ги добијат назад, од Буџетот за наредната година. Ова е можно, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, но сепак, не верува дека ќе дојде до тоа.

    „До овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок, а средствата ќе се користат за антикризни мерки кои ќе бидат соопштени наредните денови. За следната година, бидејќи правиме проекции на Буџетот, и бидејќи кризата е се уште активна, ќе има средства за антикризни мерки. Ако евентуално прејудицираме дека таква одлука може да се донесе, мислам дека има доволно испланирани средства во државната каса, но првично, намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука, тогаш ќе треба да се земат пари од граѓаните и да им се вратат на компаниите, што мислам дека нема да се случи. Средствата ќе се вратат од наредниот Буџет, од сегашниот не е возможно, зашто е веќе крај на годината“, образложи вицепремиерот како одговор на новинарско прашање.

    Рокот за плаќање на овој данок истече на 25 октомври. Како што информираше директорката на УЈП, од 150 обврзници, досега 99, или две третини од компаниите одговориле на обврската и ги уплатиле средствата, додека некои направиле делумна уплата.

    Од понеделник, на тие што не платиле ќе им биде доставена опомена. Доколку и во наредните денови не одговорат на оваа даночна обврска, сметките ќе им бидат блокирани на 24 ноември.

    Со данокот на солидарност во Буџетот треба да има прилив од три милијарди и  единаесет милиони денари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично