На аеродромот во Минхен започна дводневен штрајк на работниците, повикан од синдикатот Верди поради спорот за платите во јавниот сектор.
Авиокомпаниите откажаа 80 отсто од планираните летови за четврток и петок, објави аеродромскиот оператор FMG на својата веб-страница.
На аеродромот во Минхен првично беа закажани 830 полетувања и слетувања во текот на двата дена, но најверојатно отажани се 80%, повеќе од 1.300 летови ќе бидат погодени.
Аеродромот на југот на Германија е меѓу најголемите во земјата и се користи како секундарен центар за германската авиокомпанија Луфтханза со седиште во Франкфурт.
Паралелен штрајк на аеродромот во Хамбург исто така ќе предизвика прекини во четврток и петок. Верди во средата рече дека аеродромските работници, вклучително и персоналот за одржување, ИТ услугите, безбедноста на аеродромот и персоналот за транспорт на багаж, ќе се приклучат на штрајкот.
Штрајкот треба да заврши во петок на полноќ.
Луфтханза вети дека ќе им помогне на засегнатите патници со бесплатни пререзервации или откажувања.
Штрајкот доаѓа во време на колективни преговори меѓу вработените во јавниот сектор и локалните власти.
Верди бара зголемување на платите за 8 отсто и подобри услови за работа, вклучително и три дополнителни дена платен одмор.
Германското здружение на аеродроми АДВ соопшти дека штрајковите, како и сличните излегувања на аеродромите во Дизелдорф и Келн претходно оваа недела, ги нарушуваат плановите за патување на речиси 300.000 патници.
„Дводневните штрајкови кои ги отсекуваат германските метрополи од меѓународниот воздушен сообраќај го надминуваат она што би можело да се квалификува како симболични штрајкови“, рече АДВ.