ПОВЕЌЕ

    Поповски: Со вакво темпо на јавниот долг, постои ризик од финансиска нестабилност без економски раст и развој

    Време зa читање: < 1 минутa

    Јавниот долг на Македонија добива димензии кои се застрашувачки . Ова е коменатр на универзитетскиот професор Никола Поповски за Алсат ТВ кој смета дека доколку продолжиме со ова темпо да се задолжуваме земјава ќе падне во должничка криза.

    Нема да можеме да ги сервисираме долговите ако продолжи да расте зголемувањето на јавниот долг, смета Поповски.

    Професорот потенцира дека ни се заканува финансиска нестабилност, но и економски раст во пад.

    -Со вакво темпо, на долг рок постои ризик од финансиска нестабилност, со што нема да имаме економски раст и развој, вели универзитетскиот професор Никола Поповски. Доколку не преземеме конкретни чекори, може да се случи да не можеме да си ги сервисираме долговите, вели Поповски.

    Висината на јавниот долг заклучно до јуни изнесува 7,4 милијарди евра или 64,4 проценти од БДП.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично