Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за 1,5 денари, додека малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за еден денар.
Oд денеска Еуросупер БС-95 ќе се точи за 71 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 73 денари, додека Еуродизел ќе чини 60 денари по литар гориво.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на горивата на светските берзи бележат намалувања и тоа кај бензинот за 4,15 проценти, односно 4,2 проценти кај дизелот.