ПОВЕЌЕ

    Слободно работно место во Сектор за информатичка технологија на Стопанска банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска Банка АД Скопје, членка на НБГ – најголемата финансиска групација во Југоисточна Европа објавува:

    О Г Л А С
    За прием на работник на работно место
    ОПЕРАТОР
    во Сектор за информатичка технологија

    Работното место ги опфаќа следните активности:

    • Мониторирање на системи
    • Обезбедување на хелпдеск поддршка
    • Мониторирање и поддршка на банкомати
    • Администрирање на кориснички профили
    • Спроведување на системски обработки
    • Контрола на опремата и активностите во дата центарот

    Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

    • Одлично познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем
    • Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на инциденти
    • Основно познавање на Unix или Linux оперативни системи
    • Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациони системи
    • Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински, или друг технички факултет
    • Одлично познавање на англиски јазик
    • Работно искуство од најмалку 2 години во област

    Лични карактеристики:

    • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
    • Тимски дух, позитивен став и однесување
    • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
    • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
    • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

    Банката обезбедува основна нето плата од 30.000,00 МКД.

    Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени кои покриваат во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.

    Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 20.7.2021 година, онлајн преку следниот линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-mail: [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате.

    Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

    Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

    Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично