ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5-ти јули 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје од денеска 05.07.2021 година, започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец јуни 2021 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.7.2021 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

    • 5-ти јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • 6-ти јули (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Ви препорачуваме средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa  во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

    Корисниците кои имаат бесконтактни Visa дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.

    Во случај на неопходна посета на  филијалите и експозитурите на Банката  апелираме да се почитува редоследот на исплата по датум и азбучен ред како и превентивните мерки за заштита на јавното здравје (носење на заштитна маска, одржување на пропишаното минимално растојание и дезинфицирање на рацете).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично