Надзорното тело задолжено за следење на перење пари и финансирање тероризам – (FATF) објави дека Малта е ставена на списокот за засилен надзор, т.н. сива листа.
Financial Action Task Force (FATF), со седиште во Париз, додава дека таа членката на Европската унија е ставена на сивата листа, заедно со Хаити, Филипини и Јужен Судан. Невообичаено е таква земја на ЕУ да биде ставена на ваква листа, во која исто така ги вклучени Пакистан, Зимбабве и Сирија.
Владата на Малта вели дека била и ќе остане целосно посветена на соработката со FATF и другите меѓународни партнери за решавање на препораките и грижите во најкус можен рок.
„Големиот број реформи доведоа до опиплив напредок во способноста на државата да спречува, открие и да се бори против перење пари и спонзорирање на тероризам“, се вели во владиното соопштение во Валета.
Овој потег ја загрижи јавноста во Малта за можна штета на националната економија.
Владата на Малта веднаш издаде соопштение во кое се наведува дека „Малта не заслужува да биде подложена на зголемен надзор, со оглед на тоа што веќе започна програма за реформи“.
„Малтешката разузнавачка финансиска единица мора да го поддржи спроведувањето на законот и да се бори против затајување данок и случаите поврзани со перење пари“, рече Плејер.
FATF е основано во 1989 година на иницијатива на Г7, за борбата против перење пари, а во 2001 година и е проширен нејзиниот надзор и на финансирањето на тероризмот.