ПОВЕЌЕ

    Прекинот на мрежата на Fastly доведе до загуба од милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Откако се појави грешка во конфигурацијата за Интернет инфраструктурата Fastly во местото Силиконска долина, експертите предупредија на слабата глобалната економија на Интернет.

    Ваквата грешка доведе до прекин на мрежата која во вторникот траеше еден час и со тоа ги погоди трговските компании како и стриминг услугите. Веб-страницата „Fastly“ објави дека ја поддржува малопродажбата, како што е Dunelm и провајдерот за технолошки плаќања Стрип. Тие на своите социјални мрежи објавија дека има проблем со вчитување на податоците.

    Мрежите за испорака на содржини „Fastly“ чуваат податоци на сервери ширум светот нудејќи побрзо време на вчитување за веб-страниците на компаниите кои хостираат голем број на датотеки. Компаниите низ светот можат да претрпат голема загуби како резултат на паузата со траење еден час бидејќи потрошувачите не можеа да пристапат до веб-страниците, а огласувачите не можеа да се рекламираат.

    Глобалната економија се процени дека вреди 133 трилиони долари во 2019 година, а сега најмногу се потпира на интернетот и на инфраструктурните компании кои ја поддржуваат. Еден аналитичар сугерираше дека трошоците на глобалната економија како резултат на намалувањето на интернетот за една недела може да бидат околу еден трилион долари – што значи дека само еден час пад на сите Интернет услуги може да ја чинат глобалната економија милијарди долари.

    Експертите ги охрабрија индивидуалните веб-страници да го пронајдат начинот за создавање на своите непредвидливи ситуации за да можат да ги одржуваат своите веб-страници доколку повторно се појави сличен проблем.

    Акциите на „Fastly“ на берзата во Њујорк во вторникот паднаа за 5,5 проценти за разлика од нивната претходната продажба како резултат на падот на нивните услуги.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично