Тимот на Accelerate2030 од Македонија организира серија од настани преку кои ја подигаат свеста за важноста на имплементација на Целите за одржлив развој во бизнис моделите на стартапите кои им овозможуваат побрз раст, полесен пристап до финансии и конекции со најголемите организации на Обединетите настани и секако можностите кои се отвараат при влез во оваа програма.
Овој четврток (10.06.2021) ќе се одржи третиот од серијата на настани со наслов
„Скалирање иновации за целите за одржлив развој’’
Говорници на настанот се:
- Александра ‘Санту’ Боетиус – ко-основач на Impact Hub Geneva, Impact Hub Lausanne и Accelerate2030
- Алехандро Ортега – извршен директор и ко-основач на Sibö
- Мирко Ебелшиузер – програмски аналитичар за иновации во акцелераторските лаборатории на УНДП
Присутните ќе имаат можност да дознаат повеќе:
Kако еден претприемач од Костарика го прошири својот бизнис во Европа со помош на програмата Accelerate2030;
Kако УНДП им помага на претприемачите да ги постигнат своите амбиции, како претприемачите да дизајнираат и спроведат подобри решенија за да ги засилат иновациите преку новите начини што AccLab ги истражува со партнерите за развој.
Дополнително, ќе слушнете од Санту, коосновачот на Impact Hub Geneva и Accelerate2030 како оваа програма им помага на 200+ претприемачи преку подготвени национални програми и глобална фаза да ги постигнат своите цели и да го скалираат нивното влијание на глобално ниво.
Настанот може да го следите преку следниот линк https://zoom.us/j/92422426723
За прв пат стартапите од Македонија ќе имаат можност да учествуваат во глобалната програма Accelerate2030 која на национално ниво е имплементирана од Seavus Accelerator, Business Impact Lab чиј стратешки партнер е UNDP.
Accelerate 2030 е најголемата програма во светот што ги поддржува претприемачите од развој и пазарите во развој за да ги размерат своите решенија за целите на одржлив развој (SDG), обезбедувајќи единствена поддршка за скалирање на претприемачи преку национални програми подготвени за обем низ Африка, Азија, Источна Европа и Латинска Америка, проследено со Глобална програма за скалирање за оние со најголем меѓународен потенцијал за скалирање.
Посетете ја официјалната страна за Македонија и аплицирајте уште денес за најголемата глобална програма Accelerate2030 на овој линк.
Апликациите се отворени до 16ти јуни.