Од осумтте милијарди инвестиции во секторот енергетика ќе се вложат најмногу. За енергетиката ќе има инвестиции во износ од 3,144 милијарди ЕУР.
Еве кои се енергетските проекти што ги најави премиерот Зоран Заев:
- Германската инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра, инвестиција согласно законот за стратешки инвестиции. Инвеститорот го достави целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори. Позитивно е тоа што овде немаме обврска ниту за фидинг тарифи, ниту за премиуми. Се работи за инвеститор кој има веќе 5 000 мегавати изградено од кои што овде на Балканот се 500 мега-вати ветеренци. Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции.
- Следна е 100 мегавати фотонапонска електрана. Вредност на инвестиција е 70 милиони евра, ова е постапка која успешно ја завршивме по пат на јавно приватно партнерство или издавање на концесии каде државата бараше најмалку 10% заради земјиштето и обврската за приклучок како и урбанизација на стариот јагленокоп во Осломеј да поставиме 100 мегавати фотонапонска централа со обврска инвеститорите да земат по 1 вработен по мегават односно 100 вработени од Осломеј за да трајно ги обезбедиме тие наши сограѓани. На крајот добиваме 18% од едната компанија , 18,5% од другата компанија што ги помина сите наши очекувања, но веруваме тоа само ја потврдува Северна Македонија како одлична дестинација за инвестиции во фотонапонски централи.
- Следната, е преку Електрани на Северна Македонија и Националните енергетски ресурси, проектот Александруполи, вредноста е 400 милиони евра гасна електрична централа од 800 мегавати и 360 милиони евра терминал за природен гас. Нашиот удел е 10% во терминалот за природен гас и 25% во гасната централа во Александруполи во којшто ќе инвестираме 32 милиони евра. Убавината во гасниот терминал е тоа што има 178 милиони грант од ЕУ, каде што соодветно припаѓа грантот и на Северна Македонија.
- Понатаму, фотонапонски електрани, сопствена инвестиција на државата 10 мегавати со во Кичево, во Осломеј, завршени се правните постапки изградбата ќе почне неделите пред нас.
- Следно е одобрение со поддршка на ЕУ и ЕИП од инвестициски фонд за Западен Балкан, 10 мегавати во Осломеј и плус 2 пари по 10 мегавати во РЕК Битола, севкупната вредност на овие инвестиции е околу 28 милиони евра.
- Фотонапонски централи што се реализираат веќе и дел во следниот период ќе продолжат да се реализираат во Македонски Брод и во Свети Николе на државните локации, но и на многу други привлечни локации пуштивме веќе и во Неготинско, во Брвеница и на други локации, за 60 мегавати вкупната вредност е некаде околу 40 милиони евра.
- Фотонапонските централни во Кочани, исто така се приватни инвестиции на домашни компании, во вредност на инвестицијата од 5 милиони евра, завршени се постапките очекуваме почеток на изградба во следните неколку месеци.
- Исто така, завршени се постапките и дадени се лиценци од страна на државата за трите регионални ветерни паркови, Богданци од 30 мегавати, инвестиција на ЕНЕРГО системи Словенија и Австрија, вредноста е 50 милиони евра. Втората е во Свети Николе од 36 мегавати добиена лиценца на домашен инвеститор, вкупната вредност е 60 милиони евра. Во текот на летото очекуваме и почеток на изградба и на ветерниот парк во Демир Капија, инвеститор е турска компанија која ги привршува своите постапки, вредноста на инвестицијата е 50 милиони евра за 30 мегавати ветерници.
- Следно е големата надеж на енергетскиот сектор на Северна Македонија, а тоа е сопствена инвестиција која до крај ќе одлучиме дали е 100% наша инвестиција сопствена или ќе одиме со јавно приватно партнерство, но впечатокот е да одиме со сопствена инвестиција да остане 100% сопственост на државата. Станува збор за локацијата на порано предвидениот аеродром во Штип од 477 хектари комплетно државна сопственост во близина на големите трафостаници и далноводи, идеална локација на која што планираме меѓу 300 и 350 мегавати фотонапонска електрана, веројатно една од најголемите или ако не најголема на Балканот. Самата инвестиција е 200 милиони евра, веруваме дека ќе најдеме начин на финансирање, без тоа да влијае на било кој начин на државниот долг. 350 мегавати се двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Битола работи на 175 мегавати, нормално овде фотонапонските централни не работат 24часа, работат додека има светлина.
- За ТЕЦ Неготино ја очекуваме физибилити студијата во која ќе донесеме одлука дали ќе одиме по принцип на јавно приватно партнерство, концесија или продажба. Веројатно ќе биде јавно приватно партнерство, проект вреден околу 300 милиони евра. Инвестицијата треба да почне следната пролет дотогаш да се завршат сите правни постапки за самата оваа инвестиција, тоа е сериозен потенцијал на нови извори на енергија.
- Следна, е инвестиција во енергија од отпад, преговараме веќе 7, 8 месеци со инвеститор од Луксембург кој што ни нуди можност инвестиција од 336 милиони евра со плазма за согорување односно без кислородно согорување на високи температури. Оваа инвестиција е во затворен систем без оџак строго еколошка инвестиција и на неа и претходат селекциони или сепарациски опреми за примарна селекција на отпадот, но инвестицијата содржи 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици, дополнително 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери, асфалтирање на патна делница од 5 км до село Дуброво и не територијата на Општина Неготино. Овој проект претставува целосно и трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на Северна Македонија или опфаќа 48 Општини. Станува збор за целосно странска приватна инвестиција, по пат на Законот за стратешки инвестиции.
- Влегуваме во втора фаза на историскиот „Чебрен“, инвестиција на ЕСМ, по пат на јавно приватно партнерство. Девет компании поминаа во првата фаза, се работи за инвестиција меѓу 500 и 800 милиони евра, ја квалификувавме како 600 милиони евра каде што очекуваме сериозно учество на ЕСМ со повеќе од 30% и веруваме заради условите кои ги нудиме овој пат дека оваа инвестиција ќе успее затоа што е регионална батерија, атрактивна и примамлива за многу светски компании од 9 компании имаме 2 кинески, 2 турски и 5 се европски џиновски компании.
- Следниот е гасна електрана когенератор во постојниот Клинички центар, приватна инвестиција од 54 мегавати, вредноста е 20 милиони евра.
- Следната е големата инвестиција, домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана, вредноста е 250 милиони евра, се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати.Инвестицијата е по пат на Законот за стратешки инвестиции каде што очекуваме поддршка од сите затоа што се работи за извонреден проект за најмодерна технологија, еколошки заокружена и треба да генерира производство од пола милијарда евра извоз во периодот којшто пред стои откако ќе биде пуштена во употреба. Државата овде ќе вложи 25 милиони евра.
- Следен проект е проекцијата за гасна електрана во РЕК Битола од 200 мегавати, вредност на инвестицијата е 100 милиони евра ако стартуваме навреме со овој проект, веднаш сакаме да надоградиме дополнителни 200 мегавати како втора фаза во севкупниот план за затворањето на јаглените централни во периодот 2028, 2029, 2030 година, согласно европските укажувања.
Верувам дека целиот овој период ќе успееме максимално да инвестираме во сите овие обновливи извори на енергија, граѓаните да не изгубат работно место, а во соодветен временски период согласно овој ИПИ 2021-2027 да успееме дури и пред земји членки на ЕУ да ги затвориме јаглените електрани.
Уште еднаш напоменувам инвестициите во обновливите извори на енергија, треба да знаат сите како што е насекаде во светот ќе ги чинат граѓани, заради тоа што ако сакаме здрава зелена енергија, таа се плаќа поскапо и нормално државата ќе развие планови за социјално помагање на сиромашните граѓани преку посебни програми каде што директно ќе интервенираме за нивното поднесување на сите нови политики околу либерализацијата на енергетиката во Северна Македонија и идниот раст на цените на струјата.
-Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата, затоа што имаме соодветни политики за да правиме меко спуштање на либерализацијата во време кога приватните компании се во слободниот пазар и не го покриваат тој гап што се јавуваше во покритието на цените на домаќинствата, но со соодветни стратегии поставени од државата веруваме дека ќе развиеме одлична стратегија која ќе предизвика огромни во милијарди евра инвестиции во фотонапонски централи за да можеме соодветно да направиме транзиција на енергетскиот сектор во Северна Македонија, истакна премиерот.
- Следна е 70 мегавати фотонапонска централа на ЕФТ Србија, проект кој е доставен до МЕ и комисијата која ја води МЕ вредноста е над 50 милиони евра сакаме настап по пат на законот за стратешки инвестиции на локација во Св. Николе, веруваме дека дефинитивно ќе можеме да успееме да придонесеме во севкупниот сектор на обновливи извори на енергија.
- Понатаму, инвестиција во електрична централа на Биомаса од остатоци од дрво во Крива Паланка од 12 мегавати, вредност на инвестицијата 50 милиони евра.
Одржливата или зелената енергија е меѓу нашите приоритети за тоа потврдуваат и резултатите од меѓународните енергетски организации, а тоа е дека Северна Македонија е на врвот во регионот по искористеност на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производство на енергија од обновливи извори на 827 мегавати што претставува раст од 10,1% и во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3%.
Аналитика








