ПОВЕЌЕ

    Музеј на изгубени работи (видео)

    Време зa читање: < 1 минутa

    Тука е можно да се најде чевелот што го погоди поранешниот американски претседател Џорџ Буш, но исто така и мали нешта како полупразна кутија цигари, училишни торби за деца, стари банкноти, изгубен пасош, и скоро нови флопи дискови.

    Во Њујорк е можно да се посети овој музеј во кој се изложени предмети што вообичаено се користат низ целиот свет, а кои нивните сопственици ги изгубија, заборавија или ги оставија зад себе.

    Во ротирачки колекции, можно е да се видат изгубени работи од морето, океанот, канцеларијата, продавниците, и урнатините. Овие се предмети на кои не би обрнувале посебно внимание, но кои се поставени една до друга на полиците вој музејот.

    Музејот го отворија младите режисери Алекс Калман, Бени и Џош Сафди. Тие редовно ги освежуваат своите колекции, а музејот е многу популарна туристичка атракција веќе неколку години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично