ПОВЕЌЕ

    21 година заедно NBG и Стопанска банка АД-Скопје до извонредни финансиски резултати

    Време зa читање: 3 минути

    Националната банка на Грција (NBG) на 30-ти март одбележа 180 години постоење и 21 година присуство во македонскиот банкарски сектор преку Стопанска банка АД- Скопје.

    „Многу сме горди на нашата историјаи на улогата што NBG ја има во развојот на економијата и на општеството во земјата и во регионот. Денеска продолжуваме да поттикнуваме иновации и претприемачки дух со цел создавање на подобра иднина за нашите клиенти и за нашите сограѓани“, изјави Павлос Милонас, генералениот извршен директор на NBG Групацијата.

    Милонас, исто така, се осврна и на резултатите на NBG Групацијата за 2020 година.

    „Наспроти пандемијата на ковид-19, финансиските резултати на Групацијата за 2020 година се одлични. На оперативно ниво, пред добивките од тргувањето и еднократните резервации поврзани со ковид-19,  оперативната добивка се зголеми за 41% на годишно ниво, достигнувајќи 328 милиони евра. Добивката е одраз на отпорноста на основните приходи и на строгото намалување на трошоците, што резултираше со годишно намалување на трошоците за околу 150 милиони евра во период од две години. На крај, добивката по оданочување достигна 591 милиони евра, што е зголемување за 26% на годишно ниво. Дополнително, на приходите од 1,1 милијарди евра остварени од тргувањето и од другите активности целосно можеа да бидат апсорбирани резервациите од околу 0,8 милијарди евра за кредитното портфолио поврзани со ковид-19 и со секјуритизација на кредитите, истакна генералниот директор на NBG Групацијата.

    Милонас посочи и дека значајно подобрената профитабилност го прикажува високиот потенцијал, кој е одразен во билансот на состојба, но и во посветеноста и фокусот на тимот на NBG.

    Оваа година се означува и 21 година од стратегиската инвестиција на NBG во Стопанска банка АД – Скопје. Осврнувајќи се на овој повод, Диомидис Николетопулос, генералниот извршен директор на Стопанска банка АД –Скопје изјави:

    „Горди сме што сме членка на NBG Групацијата, една од најважните групации во регионот, и посебно  сме среќни што Стопанска банк АД – Скопје продолжува да има свое место во 180-годишната историја на NBG. Пред околу 21 година, почна успешното заедничко чекорење на две историски значајни банки во регионот, овозможувајќи ѝ на Стопанска банка АД – Скопје да прерасне во силната профитабилна банка каква што е денес, столб што ја поддржува економијата на Северна Македонија, и секако, е значен дел од NBG Групацијата.

    И покрај ковид-19 пандемијата, во 2020 година банката ги докажа своите силни перформанси и здравата основа, при што се постигна подобар биланс на состојба. Кредитното портфолио на Банката порасна на 1.2 милјарда ЕУР, депозитите на 1.4 милјарда ЕУР, со што се постигнати извонредни резултати. Банката оствари нето-добивка за 2020 година од 32 милиони евра.

    -Продолжуваме со истото темпо, како една од најважните финансиски институции во земјата, работејќи со супериорни резултати во ситео бласти на дејствување, чувајќи ги депозитите на нашите клиенти и генерирајќи одржлива вредност за сите засегнати страни“, додаде Николетопулос.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично