Стопанска банка АД Скопје, распиша оглас за прием на работно место Администратор на систем во Сектор за информатичка технологија.
Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
– Искуство со UNIX и Linux системи во делот на: администрација, конфигурирање, одржување на безбедност, изработка на скрипти, анализа и решавање на проблеми, подобрување на перформанси.
– Искуство со AIX оперативен систем и IBM Power Systems сервери ќе се смета за предност
– ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника
– Работно искуство како UNIX / Linux администратор од најмалку 5 години
– Одлично познавање на англиски јазик
Лични карактеристики:
– Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
– Тимски дух, позитивен став и однесување
– Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
– Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
– Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00ч до 9.00ч и крај од 16.00ч до 17.00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите онлајн преку следниот линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку email адресата: [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.