ПОВЕЌЕ

    Три начини за борба против „дигиталниот замор“

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата година беше обележана со пандемијата што го смени начинот на живот, работа и забава. Еден од проблемите е дефинитивно дигиталниот замор, кој стана вообичаена појава поради работа од дома.

    Поради пандемијата, многумина работат од дома, а работното време често трае подолго од вообичаеното. Како резултат, многумина се „залепени“ на мобилни телефони и компјутери и живеат живот во кој нема јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот. На долг рок, овој животен стил може да доведе до здравствени проблеми, па меѓу другото, потребно е да се ослободите од дигиталниот замор. Постојат три лесни начини за како подобро да се справите со ова:

    1. Научете да се исклучувате

    Откако ќе завршите, почнете да правите пауза од сите уреди. Наместо тоа, фокусирајте се на нешто во кое што уживате, како на пример читање книга, слушање музика, поминување квалитетно време со најблиски и слично. Водењето ваков распоред ќе ви овозможи да имате контрола над вашиот секојдневен живот.

    2. Фокусирајте се на една задача

    Мултитаскингот се чини незаменлив во денешниот свет, сепак, неодамнешното истражување спроведено низ целиот свет покажува дека мултитаскингот не е баш најдобриот начин да се постигне продуктивност. Иако можеби изгледате како професионалец во правење неколку работи одеднаш, во реалноста тоа не е така и вашата продуктивност се намалува. Поради долгото работно време и постојаната употреба на повеќе уреди за извршување на повеќе задачи, тешко е да се концентрирате. Постојат дури и проблеми со запомнување на задачите што мора да бидат завршени во текот на денот.

    3. Не заборавајте на реалниот свет

    Дигиталниот свет е модерен и можеме да направиме многу со едноставен клик на копче. Но, реалниот, физички свет нè поврзува и носи задоволство, чувство на припадност и меѓусебна поврзаност. Дури и во најфреквентниот распоред за работа, треба да најдете време за физички вежби. Дури и 20 минути пешачење ќе ги релаксира вашето тело и ум. Исто така, не заборавајте да се дружите со пријателите и да одржувате комуникација со нив

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично