Сопственикот на Тесла, Илон Маск, објави дека отсега натаму, автомобилите на оваа компанија може да се купуваат и во САД со биткоин.
„Сега можете да купите Тесла со биткоини“, напиша Маск на Твитер доцна синоќа, додавајќи дека луѓето надвор од САД ќе можат да ги купуваат возилата на Тесла со биткоин „подоцна оваа година“, без да прецизираат во кои земји, пренесува CNBC.
Маск минатиот месец откри дека Тесла купил биткоини вредни 1,5 милијарди долари и дека наскоро ќе започне да ја прифаќа најпопуларната крипто-валута во светот како платежно средство.
Со цел да прифати плаќања во најпопуларната дигитална валута во светот, Тесла ќе користи „внатрешен“, како и „софтвер со отворен извор“.