Halk Huawei App Screenshot е новиот предизвик организиран од Халкбанк АД Скопје со кој сите учесници кои ќе ја искористат својата креативност и ќе направат интересна позадина на својот Huawei мобилен телефон во која ќе биде вклучена апликацијата за мобилно банкарство на Халкбанк, симната од Huawei AppGallery, добиваат шанса да освојат нов Huawei P40 PRO смартфон.
Оние кои ќе решат да се вклучат во предизвикот, потребно е да се регистрирани на социјалните мрежи Facebook или Instagram, да го заследат профилот на организаторот, да направат оригинална screenshot фотографија на својот Huawei уред на која е прикажана Halk мобилната апликација за Huawei и истата да ја споделат во коментар на Facebook објавата или да ја постават на Instagram story со таг @halkbank.skopje. Притоа, објавата треба да биде достапна јавно и да е видлива за сите корисници на мрежата. Секако, учесниците во предизвикот не смеат да поставуваат или да објавуваат било каков материјал што подлежи на авторско право, право на трговска марка или, пак, на други права од интелектуална сопственост, без претходно одобрение од носителот на тие права.
Предизвикот започна на 12.03.2021 година и ќе трае до 21.03.2021 година. За добитник на смартфон Huawei P40 Pro ќе биде избран оној кој има направено најинтересна позадина со инсталирана апликација на Халкбанк, за што ќе одлучува тричлено жири назначено од страна на организаторот.