ПОВЕЌЕ

    Три македонски банки “јадат” половина од банкарскиот колач

    Време зa читање: 2 минути

    Од вкупно 14 банки колку што го сочинуваат банкарскиот сектор во земјава пет од нив се сметаат за големи со билансна сума од над една милијарда евра, шест се средни банки и три се мали.

    Според најновите критериуми на НБМ, во групата големи банки влегуваат оние чија актива е поголема од 664 милиони евра. Средните банки, треба да имаат актива поголема од 166 милиони евра и помала од 664 милиони, додека, пак, сите оние банки чија актива е пониска од 166 милиони евра, влегуваат во рангот на мали банки, и такви во земјава се три банкарски институции

    Според извештајот на Народната банка, над 57 проценти од банкарскиот бизнис им припаѓа на трите најголеми банки, Комерцијална банка, Стопанска банка и НЛБ банка. Додека, пак петте големи банки во земјава учествуваат со речисис 77 проценти во банкарскиот бизнис. Освен наведените три банки, останатите две големи банки во земјава според големината на активата се Халк банка и Охридска банка.

    Средните банки зафаќаат 20,42 проценти од банкарскиот бизнис, а малите банки само 2,86 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично