Ана Сорокин, измамник позната како „лажна наследничка“, се обидува да го искористи максимумот од својот случај откако излезе од затвор.
На прашањето дали такво злосторство се исплати, Ана Сорокин изјави: „На некој начин, да“.
За нејзината приказна Нетфликс плати 320.000 УСД, а плус добила уште понуди.
Да потсетиме, Ана Сорокин беше осудена на затвор откако измами банки, хотелиери и пријатели за стотици илјади долари. Приказната за нејзините измами, која ја изведе под името Ана Делви, стана вирална по објавувањето во магазинот Њу Јорк во 2018 година, а тоа го разбуди и интересот на ТВ-продуцентите.
– Никогаш не го прашав Нетфликс дали сакаат да ја купат мојата приказна, тоа едноставно се случи. Како и сè друго, едноставно излезе надвор од контрола, вели Ана Сорокин, кој беше ослободена на условен отпуст во февруари по повеќе од три години поминати во затвор.
Сепак, таа не успеа да ги задржи сите пари што ги доби од Нетфликс заради законот во Њујорк што спречува криминалците да профитираат од своите злодела. Властите на тој начин ја замрзнаа нејзината банкарска сметка и прво им дозволија на жртвите на нејзината измама да си ги побараат парите. За отплата на банките беа потрошени најмалку 170.000 УСД.
Сорокин го прослави својот 30-ти роденден во затвор. Своите измами ги спроведе со тоа што им порача на луѓето во Њујорк дека има фонд од 60 милиони долари и амбициозен проект за создавање уметничка фондација. Но, таа всушност беше практикант во едно списание и по потекло од семејство на руски имигранти кои живееја во Германија. Таа престојуваше во скапи хотели и објавуваше на Инстаграм за нејзиниот ‘џетсетерски живот’. Така, таа успеа да ги наведе другите да веруваат во нејзината фантазија. Користејќи лажни документи, таа дури убедила банка да и даде пречекорување од 100.000 УСД, и сè тоа се случило пред полицијата да успее да и влезе во трага.
Ана сега тврди дека обвинителството е тоа кое одиграло голема улога создавајќи ја како медиумска личност за време на судењето.
– Тие во целост погрешно ги претставија моите мотиви. Рекоа дека сум парадирала околу Њујорк, претставувајќи се како богата наследничка. Но, она што навистина се случи беше помеѓу мене и финансиските институции. Тие ме претставија како девојка која сака да се забавува, и тоа никогаш не ми беше целта, рече Сорокин.
Иако често уживаше во скапи оброци, шампањ и луксузни одмори, Ана првенствено беше насочена кон создавање сопствена уметничка фондација така што со измама бараше заем од 22 милиони долари. Таа дури објави и луксузна брошура за која никогаш не му платила на дизајнерот. Тврдеше дека има поддршка од познати уметници за забавата по повод презентацијата.
На прашањето кога Ана Сорокин одлучила да стане Ана Делви, таа одговори дека отсекогаш била Ана Делви.
– Другите ме претставија како манипулативна личност, и мислам дека не сум. Према нив, никогаш не бев прељубезна, и никогаш не се обидував да убедам некого да направи нешто. Јас само им реков на луѓето што сакам и тие ми дадоа, а ако не, јас продолжував, објасни Сорокин.
Во април 2019 година, таа беше прогласена за виновна по четири точки од обвинението, а беше ослободена по уште две точки од обвинението.
По излегувањето од затвор, ја преплавија барањата на медиумите, а исто така ангажираше и свој директор да ја преземе нејзината приказна.