ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Стопанска Банка а.д Скопје за периодот што следи

    Време зa читање: 2 минути

    Врз основа на објавените макроекономски проекции, домашниот бруто-производ во текот на 2020 година се очекува да оствари пад од 4,9% до 5,4%,(НБРСМ, Светска банка) што е веќе инкорпорирано во претставените резултати, додека истите извори предвидуваат закрепнување и пораст на економијата за 2021 година од 3,5% до 4,0%. Буџетскиот дефицит на крајот од годината изнесуваше 8,1% од БДП. За следната година проектираниот буџетски дефицит е 4,9%. На 31. 12. 2020 година јавниот долг изнесуваше 59,9% од БДП, при што најголемиот пораст го имаше во вториот квартал, по емитувањето на седмата еврообврзница и кредитот од ММФ.

    Според последната проекција на НБРСМ за 2021 година се очекува кредитен и депозитен пораст од околу 6% за 2021 година.

    Во тој контекст, предвидувањата на Банката, како банка со најголема капитална основа, е да се движи во линија на порастот на пазарот, со очекување да го зголеми пазарното учество во корпоративниот сектор, да го задржи водечкото пазарно учество во секторот на население, со понуда на услови и на цени што се во согласност со конкуренцијата, притоа почитувајќи ги поставките во својата кредитна политика.

    Банката ќе биде фокусирана на постојано надградување и збогатување на понудата на дигитални сервиси, осовременување оперативни процеси водејќи грижа за стабилноста и за сигурноста на информативниот систем.

    Грижата за вработените и континуираното функционирање на Банката на услуга на клиентите останува да биде примарен фокус на манаџментот, како и во досегашното работење.

    Исплатени дивиденди

    Банката донесе Одлука за утврдување на висината и на начинот на исплата на дивиденда за 2019 година, со која се утврди исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции. На имателите на приоритетни акции им се исплати дивиденда во 2020 година за 2019 година во вкупен бруто-износ од 1.592.108,00 денари, односно бруто-дивидендата по акција изнесуваше 7,00 денари. Право на дивиденда на приоритетните акции остварија сите иматели што се здобиле со акциите на СБ во согласност со датумот на пресек на акционерската книга, до 15.7.2020 година.

    Прочитај и: Стопанска банка а.д Скопје фантастична и во време на Корона! Добивка од 35,4 милиони евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично