Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, ја врати титулата најбогат човек на светот затоа што го помина Илон Маск на списокот на милијардери, според Форбс. Нето активата на Маск вчера се намали за 3,9 милијарди долари, бидејќи акциите на Тесла беа затворени на 796,22 долари по акција, што претставува пад од 2,4 проценти, пишува CNBC.
49-годишниот милијардер го престигна Безос во јануари и стана најбогата личност на планетата, благодарение на скокот на акциите на неговата компанија за производство на автомобили Тесла, но тој брзо го загуби местото број еден на листата што Форбс постојано ја ажурира.
Безос до минатиот месец ја држеше таа титула од 2017 година.