Тесла предизвика шок на пазарот кога објави дека купува биткоини за 1,5 милијарди долари. Овој потег ја крена цената на најпознатата крипто валута на невидени височини, истовремено носејќи импресивен профит за тој производител на електрични возила, пишува „Јаху финансис“.
Еве што се случи: Биткоин за првпат во вторникот надмина 50.000 долари, продолжувајќи да расте во 2021 година, бидејќи растечкото прифаќање на криптовалутата ја поттикна побарувачката од инвеститорите кои се обложуваа на нејзиниот иден раст.
Тесла во јануари купи биткоини за 1,5 милијарди долари, иако не откри по која цена и колку вкупно поседуваат. Да потсетиме, во јануари со биткоин се тргуваше од 29.333 до 37.020 долари за парче, што значи дека за 1,5 милијарди Тесла требаше да добие од 37.020 до 51.137 биткоини.
Во зависност од тоа која вредност ќе се земе предвид, вредноста на биткоинот што ја поседува Тесла е, според денешната цена од 51.259 долари, највисока досега, за 51.137 биткоини, 2.621.231.483 долари, така што профитот може да биде поголем отколку во целата деловна активност 2020 година пишува “Yahoo Finance”.