Амазон планира да изгради зграда вредна 2,5 милијарди долари, што ќе биде нејзиното ново седиште. Станува збор за облакодер кој треба да биде висок 105 метри, и кој ќе изгледа како спирала.
Моментално се градат амфитеатар и пазар во близина на зградата наречена ПенПлас, каде земјоделците ќе ги продаваат своите производи. 22-катната зграда ќе биде изградена во округот Арлингтон, Вирџинија. Комплексот е дизајниран од студиото NBBJ, и ќе биде препознатлив по зелените површини. Дрвјата не само што ќе бидат околу облакодерот, туку и на самиот облакодер.
Главниот архитект и директор на NBBJ, Дејл Алберда, рече дека тие секогаш се обидуваат да го поврзат човекот со природата, но дека најмногу успеале во овој објект.
Како што рече, новото седиште на Амазан ќе ги симболизира природата и науката. На располагање има 2,5 хектари јавен простор, чија содржина ќе вклучува, покрај зелените површини и амфитеатар со 250 места, и уметнички инсталации.
Граѓаните ќе можат да посетат и еден од рестораните. Алберда верува дека посетителите воопшто нема да имаат чувство дека се во просторот на Амазон. Според него, тој простор нема да биде технолошки кампус, туку она што ние го нарекуваме соседство. Секако, ќе бидат изградени и шеталишта, како и простор за неколку стотици велосипеди. Работниците ќе можат да стигнат до центарот на Вашингтон со метро за 15 минути.