Кина ќе започне со поставување на последниот дел од прекуграничниот оптички кабел во Пакистан за изградба на дигиталниот пад “Silk Road”, известува јапонскиот весник Nikei Asia.
Оптичкиот кабел ќе биде поврзан со подводниот кабел од Пакистан, па до Источна Африка, и ќе им служи на земјите учеснички во иницијативата “Појас” и “Пат и Европа”, пренесува “Русија денес.”
Кабелот во моментов се поставува меѓу пакистанскиот град Равалпинди и пристанишните градови Карачи и Гвадар.
Проектот вреден 240 милиони долари, кој се реализира во партнерство со кинеската компанија „Хуавеи технолоџи“, беше одобрен од владата во Пекинг минатата недела.
Поставувањето на подводен кабел во територијалните води на Пакистан ќе започне во март, откако овој месец владата одобри изградба на базна станица во Карачи за регионот на Арапското море, на „Сајбернет“, локален давател на услуги на Интернет.
Медитеранскиот дел од кабелот е веќе поставен и се протега од Египет до Франција. Кабелот долг 15.000 километри се очекува да биде лансиран кон крајот на оваа година.