ПОВЕЌЕ

    Дали биткоинот има “меморија”?

    Време зa читање: 2 минути

    Кога станува збор за ризични средства, тие не би се нарекувале така, доколку се безбедни и сигурни. 

    Кога повеќето луѓе му свртеа грб на биткоинот, исмевајќи се на новата крипто валута во тоа време, некои инвестираа во него и чекаа подобри денови. Биткоинот сè уште се држи добро, сега вреди околу 37.950 американски долари, иако факт е дека варира од ден на ден. Во текот на вчерашниот ден, надмина 40.000 долари.

    Уште откако основачот на Тесла и еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, напиша #биткоин како дел од неговиот профил на Твитер, пред неколку дена, истиот порасна за 20% и достигна 38.566 долари на 29 јануари.

    За време на викендот, најпознатата криптовалута одеднаш почна да ја губи својата вредност: на почетокот, падна под 34.000, а во еден момент вредеше 32.200 долари. И покрај тоа, биткоинот сè уште држи добро ниво, во споредба со 2019 година.

    Инвеститорите, патем, предупредуваат дека твитовите на Илон Маск имаат моќ да ги движат пазарите. И тоа ги загрижува. Тие се прашуваат дали неговото активирање на популарната социјална мрежа – зафати премногу интензитет?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично