ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на НЛБ Банка за претстојниот период

    Време зa читање: 3 минути

    Нето добивката на НЛБ Банка во 2020 година изнесува 1.704.271 илјади МКД и е намалена за 7,9% во однос на истиот период претходна година.

    Какви се очекувања НЛБ Банка за претстојниот период?

    Како резултат на негативните ефекти од КОВИД-19 пандемијата македонската економија влезе во рецесија во 2020 година. Годишниот пад на БДП во првите три квартали од 2020 година изнесува -5,9% (Q3 2020: -3,3%), додека последните проекции за 2020 година се поостри од пролетните прогнози заради намалување на домашната и надворешната побарувачка и мерките за ограничување. Нарушувањата во глобалните синџири на снабдување имаа значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, особено во вториот квартал од 2020 година по воведувањето на вонредната состојба во земјата како резултат на пандемијата КОВИД-19 и мерките преземени за здравствена заштита од страна на Владата на Република C. Македонија. Најновите предвидувања прикажуваат пад на БДП од 4,1% според Светска банка и пад од 5,4% според Меѓународниот монетарен фонд. Народната Банка во своите последни макроекономски проекции предвидува пад на БДП од 4,9% за 2020 година. Јавниот долг на државата заклучно со 30.9.2020 изнесува 60,7% од БДП. Буџетскиот дефицит е проектиран на 8,5% од БДП на крајот на 2020 година. Неизвесноста за времетраењето на пандемијата и покрај оптимистичките најави за вакцинација продолжува и во 2021 година, во која се очекува да се чувствуваат продолжените ефекти кои и понатаму претставуваат голем ризик за опоравување на економијата, бидејќи подолг период на мерки за социјално дистанцирање ќе влијаат на приходот и потрошувачката на домаќинствата.

    Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции.

    Во 2021 година година останува фокусот на Банката да биде насочен кон справувањето со пандeмијата КОВИД-19, како клиентски ориентирана Банка која редовно превзема мерки за заштита на своите клиенти и нуди најоптималните решенија. Банката, како современа и креативна банка, ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, истовремено насочувајќи ги своите ресурси кон позитивните придобивки од кризата како што се забрзаната дигитализација и развојот на нови бизниси, проследено со континуирано унапредување на банкарските процеси.

    Во фокусот на Банката и оваа година ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично