Нов Хипотекарен кредит на Централна Кооперативна Банка АД Скопје со промотивни услови
Промоцијата важи за сите апликанти до 31.01.2021 година.
Што добивате?
– 3,70% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите четири години, за сите апликации каде вредноста на обезбедувањето покрива најмалку 140% од кредитот или вкупните обврски по кредити на кредитобарателот не надминуваат 60% од неговите месечни приходи
– 3,90% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите четири години, за сите останати апликации
– 5.80% променлива каматна стапка по истек на периодот со фиксна каматна стапка (шестмесечен ЕУРИБОР 0% + 5,80% фиксен дел)
– БЕЗ ПРОВИЗИЈА за обработка
– БЕЗ нотарски трошоци при рефинансирање во други банки и штедилници
– БЕЗ трошоци за проценка на недвижниот имот во случај кредитот да се одобри
Износ на кредитот : До 300 000 ЕУР во денарска противредност
Рок на кредитот : До 240 месеци