Со оглед на тоа што цената на Биткоин сега е меѓу 30,000 и 40,000 долари, инвеститорите треба да се запрашаат дали треба да инвестираат, и кој е најдобриот начин да го направат тоа.
Луѓето кои сеуште веруваат дека цената на биткоинот ќе расте, тврдат дека Федералните резерви ќе преземат радикални мерки против економскиот пад предизвикан поради коронавирусот, невработеноста и потенцијалниот банкрот на деловни активности.
Како што вели извршниот директор на Твитер и Square, Џек Дорси, „Интернетот сака родна валута и биткоинот е најдобрата манифестација на тоа досега“.
Ако Биткоин треба да биде следното злато, тогаш има уште доста простор за раст.
Но тоа мислење не го дели секој. „Биткоинот во основа ја искористува глупавоста и алчноста на луѓето“, контрира Питер Шиф, главен извршен директор на „Еуро Пацифик капитал“. Тој верува дека ова средство е безвредно надвор од шпекулациите.
Мајкл Соненхајн, извршен директор на „Грејскајл инвестментс“, фирма за инвестирање во дигитални валути, вели дека пазарите укажуваат на спротивното. Тој забележува дека цената на Биткоин се движеше во нагорна линија, полека но сигурно до 2020 година „во исто време кога златото доживеа еден од најголемите падови во историјата.“
За тие што сеуште сакаат да гледаат од страна, можеби е време да почекаат и да видат како ќе се одвиваат работите кога вакцините ќе се распределат низ светот. Повеќето експерти генерално сметаат дека доколку имате средства кои ви се потребни во блиска иднина, дека можеби е попаметно да не инвестирате во биткоин? Одлуката е ваша.