ПОВЕЌЕ

    Грантови за четири категории фирми

    Време зa читање: 2 минути

    Новина во оваа кредитна линија е грант-компонентата од 30% која корисниците на кредит од ‘Ковид 3’ ќе можат да ја добијат. Грант-компонентата се однесува на четири категории субјекти, и тоа:

    • Прва категорија субјекти се оние кои се управувани од жена, или пак имаат во сопственичката структура жена или жени со учество од најмалку 50%;
    • Втора категорија субјекти се оние кои се управувани од млади лица до 29 години согласно европската дефиниција за млади, или пак имаат млади во сопственичката структура од најмалку 50%;
    • Трета категорија субјекти се извознички компании, кај кои учеството на приходите од странство во вкупните приходи е најмалку 50%;
    • Четврта категорија е најширока, а се однесува на субјекти кои реализираат активности, односно проекти во областа на зелена економија, модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема или воведување нов начин на продажба, како и иновација од аспект на воведување на нови производи и нови услуги.

    Овие фирми грантот ќе може да го добијат откако ќе отплатат 50% од кредитот и ќе поднесат барање за грант до Развојната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично