Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец ноември ќе се исплатат во две групи.
Сите клиенти кои примаат парични средства по основ на гарантирана минимална помош и имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 03.12.2020 (четврток).
Исплатата на средствата по основ на гарантирана минимална помош на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
– 3 декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Клиентите кои ги користат сите други парични права од социјална заштита и имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 04.12.2020 (петок).
Исплатата на средствата по основ на останатите парични права од социјална заштита на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
– 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Ве молиме да се почитуваат превентивните мерки, односно носењето заштитна опрема на лицето, дезинфекција и соодветна дистанца со останатите клиенти на Банката како и почитување на предвидениот распоред за исплата на средствата на шалтерите во Банката.