ПОВЕЌЕ

    ЗЕГИН НАЈГОЛЕМА, МАКЕДОНИЈА ЛЕК НАJПРОФИТАБИЛНА ВЕЛЕДРОГЕРИЈА

    Време зa читање: 2 минути

    Фармацевтската фирма ЗЕГИН во сопственост на семејството Механџиски го држи приматот на најголема веледрогерија со оглед на приходите кои се свртеле во неа во текот на минатата година, додека по однос на добивката веледрогеријата е најдолу на листата на деветте најголеми и најуспешни во овој бизнис.
    Компанијата што се занимава со внатрешна и надворешна трговија на лекови, медицински помагала, дететски и козметички производи, лани имала приходи од 65, 6 милиони евра. Зегин располага со повеќе од 120 аптеки во земјава а лани во оваа компанија од фармацевтскиот сектор работеле 181 човек. Но, оваа веледрогерија според висината на остварената добивка е најдолу на листата од деветте веледрогерии со најголеми добивки, односно лани има добивка во износ од околу 32 000 евра.

    Во трка со ЗЕГИН по однос на приходите е МАКЕДОНИЈАЛЕК, но оваа веледрогерија има најголема добивка и во текот на минатата година.

    Фармацевтската компанија МАКЕДОНИЈАЛЕК , која се смета дека е една од првите приватни веледрогерии во земјава, го држи второто место според висината на приходите кои лани биле во износ од 51 милион евра. Во оваа веледрогерија, која раполага со распространета дистрибутивна мрежа до аптеките, но и до јавните и приватните здравствени организации, лани имало 134 вработени. Добивката на Македонијалек во текот на минатата година изнесува 1,3 милиони евра, односно тоа е најголемата направена добивка во овој бизнис во текот на минатата година.

    Прочитајте ја целата Aнализа: ДЕВЕТ ВЕЛЕДРОГЕРИИ ЛАНИ ЗАРАБОТИЛЕ БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЕВРА

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично