ПОВЕЌЕ

    JPMorgan: Биткоин подобро одговара на златото од редовните валути

    Време зa читање: < 1 минутa

    Биткоин е во исклучително позитивен ритам последните денови и лесно го проби нивото од 15.500 американски долари. Деновиве, вредноста на првата криптовалута е на рекордно ниво во последните две години, а растот несомнено беше охрабрен од претседателските избори во САД.

    Апсолутната рекордна вредност на биткоинот е забележана на 17 декември 2017 година – на ниво од 20.089 долари за биткоин. После тоа, цената постепено паѓаше и една година подоцна, на 15 декември 2018 година, биткоинот можеше да се купи за само 3.126 американски долари.

    Ова лето, вредноста повторно се зголеми нагло – во август со криптовалутата се тргуваше за 12 000 американски долари, а во средината на октомври достигна 12 400 долари.

    Според аналитичарите, цената на биткоинот се очекува да го скрши отпорот помеѓу 16 000 и 16 500 долари и да продолжи да расте на околу 20 000 долари по единица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично