Дури и пред да стане претседател на САД пред четири години, се шпекулираше дека Доналд Трамп ќе биде најбогат човек кој седи во Овалната соба. Неговото богатство се проценува на околу 3,1 милијарди долари, што го прави Трамп далеку побогат од конкуренцијата.
Сепак, тешко е да се каже дека другите претседатели на САД биле „сиромашни“. Еве ја листата на најбогати американски претседатели.
10. Бил Клинтон – 42. претседател на Америка (1993-2001) – Богатство: 75,9 милиони
Клинтон всушност се збогати откако престана да биде претседател. Тој заработи милиони од неговата автобиографија „Мојот живот“, а дел од богатството дојде од неговата сопруга Хилари и нејзините мемоари „Тежок избор“. И тој и таа заработуваат многу како спикери на конференции.
9. Херберт Хувер – 31-ри претседател на Соединетите држави (1929-1933) – Богатство: 83 милиони
Хувер имал многу скромни почетоци. Растејќи како сирак, тој дипломирал на Универзитетот Стенфорд и работел како рударски инженер пред да влезе во политиката. Купил неколку рудници во кои подоцна било најдено сребро и тоа го направило богат.
8. Линдон Џонсон – 36. претседател на Америка (1963-1969) – Богатство: 109,3 милиони
Џонсон бил млад, амбициозен и сиромашен млад човек се додека не се оженил со Клаудија Тејлор, една од најбогатите жени во тоа време. Тие создадоа империја заедно во Тексас, но најголемиот дел од парите беа од радио станица сопственост на госпоѓа Тејлор.
7. Џејмс Медисон – 4-ти претседател на Америка (1809-1817) – Богатство: 113,3 милиони
Родителите на Медисон биле исклучително богати жардиниери и тој го наследил семејниот бизнис. Кон крајот на животот, тој бил во долгови поради лошите инвестиции и злобниот живот на неговиот посвоен син.
Ендру Џексон – 7-ми претседател на Америка (1829-1837) – Богатство: 132,6 милиони
Џексон е еден од ретките американски претседатели кои всушност се родени сиромашни. Богатството се стекна со работа како адвокат. Тој наследи огромни суми пари од неговата сопруга Рејчел која почина непосредно пред да стане претседател.
Теодор Рузвелт – 26-ти претседател на САД (1901-1909) – Богатство: 139,7 милиони
Тој го наследи скоро целото свое богатство. Цел живот бил во јавна служба и се верува дека не заработил многу во тоа. Удобниот живот го овозможи неговото семејно богатство.
Томас Џеферсон – 3-ти претседател на САД (1801-1809) – Богатство: 236,8 милиони
Пред да влезе во политиката, Џеферсон бил богат земјопоседник и поседувал голем број на фарми. Сепак, интересно е што тој починал како должник поради лоши инвестициски одлуки и пропуштени можности.
Џорџ Вашингтон – Прв претседател на Америка (1789-1797) – Богатство: 587 милиони
Поголемиот дел од свoето богатство го наследил од својот полубрат, но исто така се збогатил и како генерал, а подоцна и како политичар.
Џон Кенеди – 35-ти претседател на Соединетите држави (1961-1963) – Богатство: 1,1 милијарда долари
Богатството на Џон Кенеди е незгодно за ваквите проценки затоа што повеќето се наследени. Кенеди е роден во исклучително моќно семејство, богато со генерации.
Доналд Трамп – 45-ти претседател на Соединетите држави (2016-2020) – Богатство: 3,1 милијарди
Се проценува дека тој покрај бизнисот со недвижнини наследил и 413 милиони долари од неговиот татко, а после тоа ја умножил таа сума. Во споредба со него, неговиот противник на изборите, Џо Бајден, чие богатство Форбс го проценува на „само“ 9 милиони долари, изгледа како обичен сиромашен човек.