ПОВЕЌЕ

    Народната банка вработува

    Време зa читање: 3 минути

    Народната банка на Република Македонија објавува оглас за вработување на еден извршител на определено време на работно место хигиеничар почетен степен во Рефератот за тековно и инвестициско одржување на објектите во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување, обезбедување и архива.

    Кандидатoт коj ќе заснова работен однос на работнoтo местo од точка 1, треба да ги исполнува следниве општи услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетeн, да има општа здравствена способност за работното место и да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

    Покрај општите услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: завршено основно или средно образование во траење од 4 години и да бидат со или без работен стаж.

    Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

    Кандидатите за работното место од точкa 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, доказ за државјанство издаден од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија, потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) за неизречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата), диплома или уверение за завршено образование, доказ за работен стаж доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.

    Сите докази, потврдата, дипломата или уверението за завршено образование, може да бидат доставени во копија.

    Работното време, во работната недела за работното место хигиеничар почетен степен започнува во 7,00 часот, а завршува во 15,00 часот.

    Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатот коj ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 на оваа одлука, а кој нема работен стаж, ќе се склучи договор за вработување со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци, а со кандидатот кој има работен стаж, a кој за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување со вршење на пробна работа, во траење од 2 месеци.

    Висината на основната (нето) плата на работникот за време на приправничкиот стаж, ќе изнесува 13.386,00 денари, а по завршување на приправничкиот стаж ќе изнесува 18.770,00 денари.

    Висината на основната (нето) плата на работникот за време на пробната работа, ќе изнесува 8.466,00 денари, а по завршување на пробната работа ќе изнесува 18.770,00 денари.

    Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

    Изборот на работник кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

    Ненавремената и непотполната документација нема да биде разгледувана.

    Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија.

    Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1, Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично