Игор Илиевски нов Генерален директор на Аутомакедонија АД Скопје

Време зa читање: < 1 минутa

Аутомакедонија АД Скопје преку Македонска берза информира дека се разрешува Зоран Дочински, член на Управен одбор на Аутомакедонија и за нов член на Управниот одбор се именува Игор Илиевски.

Се разрешува Зоран Дочински од функцијата овластено лице – Генерален директор на друштвото и на негово место се именува Игор Илиевски да го застапува друштвото Аутомакедонија АД Скопје во односите со трети лица и вработените во друштвото и да носи назив Генерален директор.

Промените се извршени во Централниот регистар на ден 02.11.2020.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично