ПОВЕЌЕ

    Богатството на милијардерите се искачи на 10,2 трилиони долари

    Време зa читање: 2 минути

    За време на пандемијата, вкупното богатство на милијардерите се искачи на 10,2 трилиони долари, се вели во извештајот на швајцарската банка УБС.

    Од април, кога започна кризата предизвикана од пандемијата, до јули, нивното богатство се зголеми за 27,5 проценти, додека милиони луѓе останаа без работа, пишува британскиот дневен весник Гардијан. На растот на богатството најмногу влијаеја движењата на берзата за време на пандемијата.

    УБС истакна дека нивното богатство достигна нов врв, потсетувајќи дека на крајот на 2017 година изнесуваше 8,9 милијарди долари. Бројот на милијардери е зголемен во споредба со три години порано. Тогаш имало 2.158, а сега има 2.189.
    Јозеф Штедлер од УБС смета дека милијардерите уште повеќе профитирале од кризата затоа што, како што рече, можат да купат повеќе акции на компании во време кога паѓаат пазарите ширум светот. Сепак, вредноста на акциите на одредени технолошки компании, кои се во сопственост на милијардери, значително се зголеми во последните неколку месеци.

    Штедлер е на мислење дека милијардерите имаат „апетит за значителен ризик“ и дека се сигурни дека нема да ја прокоцкаат својата среќа, пренесува Кликс.

    Директорот на Тинктанк центарот, Лук Хилард, истакна дека концентрацијата на богатството е „многу грд феномен од морална перспектива и дека е економски и социјално деструктивен“.
    Лидерот на Амазон, Џеф Безос, сè уште е најбогатиот човек во светот и неговото богатство се проценува на 189 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично