ПОВЕЌЕ

    Како ја гледа Европска банка акцијата на „Алкалоид“.

    Време зa читање: 2 минути

    Алкалоид е производител на брендирани генерики на рецепт, лекови и производи за широка потрошувачка. 

    Тоа е компанија која остана во чекор со времето за да го задржи релевантното портфолио на производи, додека постојано се шири во нови пазари. 

    Широката палета на производи му овозможува на Алкалоид да генерира солиден принос и поврат на вложениот капитал и со тоа, ги наградува акционерите. Оваа година, раководството ќе заврши со голема инвестиција за проширување на капацитетот за лекови во цврста форма за уште 50%, што очекуваме да доведе до приходи од 9,5% и раст на нето добивката од 13,13% до 2023. 

    Ова е веќе признаено од локалните инвеститори, кои сочинуваат 97% од акционерската основа. 

    Со оглед на можноста за купување, веруваме дека мешавината на раст и принос на Алкалоид треба да го привлече вниманието на регионалните инвеститори.

    Предвидуваме Алкалоид да одржи релативно силен раст на приходите и заработка во следните три или четири години како резултат на инвестициите во нов капацитет за производство на лекови и повеќе нови договори за лиценцирање. 

    За 2020 година, предвидуваме раст на приходите од 10% и нето добивка од 18%, со што експанзијата на маргината EBITDA ќе се зголеми на 17,2% наспроти 16,7% во 2019 година. 

    Моменталната цена на една акција на Алкалоид АД Скопје е 12,631 и согласно со горенаведените анализи, таргет цената е 13,567.

    Анализата е на англиски јазик и може да се преземе бесплатно од специјално креираниот веб портал за овој проект на ЕБОР тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично