ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА: Четвртина од странските компании во земјава се со потекло од Турција

    Време зa читање: 5 минути

    Вкупно 5.367 компании во земјава имаат најмалку еден странски сопственик, покажува анализата што ја направи „Таргет Груп“. Фирмите со турски капитал се доминантни, а потоа следува капиталот на соседните земји, Бугарија, Србија и Грција. Најголем дел од компаниите со странски сопственик се сконцентрирани во Скопје, односно близу 70 отсто.

    Најголем дел од странските компании што се отворени во земјава се со потекло од Турција. Турскиот капитал е присутен во една четвртина од компаниите кои имаат странски сопственик. Односно, 1.343 фирми во земјава имаат барем еден турски газда во своојата сопственичка структура.

    Следна земја од каде има најмногу компании во земјава е Србија. Односно околу 11,5 отсто од вкупниот број на компании со странски капита во својата сопственичка структура имаат Србин. Или 615 фирми во земјава се со српски капитал.

    Бугарските фирми, според тоа во колкав број се отворени во земјава се веднаш зад српските. Односно, 11,2 отсто од вкупниот број на странски фирми се со бугарски капитал, или тоа се вкупно 605 компании кои во својата сопственичка структура имаат најмалку еден бугарски државјанин.

    Со капитал од соседна Грција во Македонија има 469 компании, односно во вкупниот број на компании со странски сопственик, грчкиот капитал има учество од 8,7 отсто.  Со германски капитал во земјава се регистрирани, 306 компании што е 5,7 отсто од вкупниот број на странски компании во Македонија.

    Следува компании од Италија и Косово кои во вкупниот број на компании со странски капитал во земјава имаат учество од 5,5 и 5,3 отсто, додека од Хрватска има 232 компании што е 4,3 отсто од компаниите со странски капитал регистрирани во земјава, потоа од Холандија има 220 фирми или 4,0%.

    Со капитал од Албанија има 207 фирми во земјава што е 3,8% од компаниите со странски капитал кои се отворени во земјава. Следуваат фирмите што имаат капитал од Англија, односно во земјава се регистрирани 197 компании од оваа земја или 3,6% од вкупниот број на фирми кои имаат странски газди.

    Компании во земјава што во својата сопственичка структура имаат капитал од Америка се вкупно 191 или 3,5%, додека со австриски капитал во земјава се отворени 175 фирми што е 3,2% од компаниите со странски капитал во земјава.  Швајцарски фирми, во вкупниот број на странски компании во земјава се  3 отсто или 162 компании.

    Со Руски капитал во земјава се 89 компании што е 1,6 отсто од вкупниот број на компании со странски капитал. Од Белија има 81 компанија, од Австралија има 67 фирми, со капитал од Индија во земјава се регистрирани 58 фирми, а од Израел 50. Од Емирати во земјава има 24 фирми, од Египет 23, од Иран има 17 компании а од Ирак се 12.

    Додека од Панама има 11 фирми, потоа од Бахамите има три фирми, Грузија пет фирми, Доминика има две фирми, една фирма има од Еквадор, Колумбија и Кувајт, Сан Марино, Сејшели, Судан, Багладеш , Барбадос и Боливија.

    БЛИЗУ 70 % ОД СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ СКОНЦЕНТРИРАНИ ВО СКОПЈЕ

    Речиси 70 отсто од компаниите што имаат странски капитал се сконцентрирани во Скопје, или во главниот град има вкупно 3.742 компании кои во сопственичката структура имаат странски газда. Потоа доаѓа Тетово, каде се лоцирани три отсто од компаниите што имаат странски капитал. По што, следуваат Битола и Гевгелија, градови во кои има по 2,5 отсто од компаниите со странски капитал.

    Вкупно 5.367 компании имаат странски сопственик – каде се лоцирани

    Трговија на големо најпривлечен сектор за странските инвеститори во земјава

    Најголем дел од компаниите со странска сопственост се од секторот трговија на големо, односно речиси една третина отпаѓаат на оваа дејност. Па така, дури 1.530 компании од секторот трговија на големо имаат странски сопственик. Потоа следува секторот, стручни, научни и технички дејности со 719 компании кои имаат странски сопственик. Во преработувачката индустрија дури 638 компании во сопственичката структура имаат странец. Тоа е близу 12 отсто од вкупниот број на компании со странски капитал во земјава. Во секторот градежништво има 440 компании со странски капитал а 432 компании се од секторот информации и комуникации. Странски капитал има во 255 компании кои се во секторот земјоделство. Додека во секторот административни и помошни услужни дејности има 195 компании со странски капитал. Во секторот објекти за сместување и сервисни дејности за храна има 177 компании со странски капитал а во секторот други услужни дејности има 175. Додека пак странските инвеститори се во сопственичката структура на 123 компании од секторот снабдување со електрична енергија.

    Најголемиот дел од компаниите со странски капитал се ДООЕЛ, односно дури 2898, потоа ДОО 1893, додека  АД се само 8, има и 214 подружници. Останатите влегуваат во групата на друго односно 345, КД има седум, една Стопанска интересна заедница и една компанија е без податок.

    Најголем дел од компаниите со странски сопственик се микрокомпании, односно дури 65,7 отсто а само 2,5 отсто се големи компании. Анализата на „Таргет Груп“, покажува дека 3.528 компании се микро, 1518 се мали, додека средни се 185 а 136 се големи компании.

     

    Анализа на податоци Таргет Груп

    Обработка А.Д

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично