ПОВЕЌЕ

    Автомобилските куќи лани заработиле 13,6 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Сума од 332,5 милиони евра минатата година се свртела во бизнисот со продажба на автомобили во земјава, додека добивката во овој бизнис изнесува 13,6 милиони евра,  покажува анализата што за овој сектор ја подготви Таргет Груп“.

    Во десетте автокуќи, кои имаат најголеми приходи се свртеле вкупно 225,2 милиони евра, што е 67,7 отсто од вкупните приходи во целиот бизнис. Потоа, уште 54,3 милиони евра се свртеле во автосалоните што имаат приходи поголеми од три а помали од осум милиони евра, а во сите останати се свртела сума од околу 53  милиони евра.

    Анализата на податоците покажува дека, приходите на ниво на дејност – трговија со моторни возила, минатата година се зголемени во однос на претходната за 5 отсто, додека добивката е останата речиси на исто ниво. Односно, минатата година, слично како и претходната, компаниите од автомобилскиот пазар заедно заработиле сума од 13,6 милиони евра. Најголемиот дел од добивката, односно дури 70,5 отсто е направена во десетте најголеми автокуќи во земјава.

    Во сите автосални што постојат во земјава мината година работеле вкупно 1.224, а за една година, бројот на вработени е зголемен,  за три отсто, односно во 2018 година во оваа дејност работеле 1.192 луѓе.

    При тоа, како најголем работодавач се јавува Порше Македонија, каде работат  9,2 отсто од сите вработени во оваа дејност.  Со 79 вработени, Еуроимпекс е вториот најголем работодавач од оваа дејност а потоа следува Мак аутостар каде лани работеле 75 луѓе.

    Добивка по вработен изнесува 11.100 евра на годишнo ниво 

    Со оглед дека лани во овие компании работеле 1.224 лууѓе а вкупната добивка на компаниите изнесува 13,6 милиони евра, излегува дека добивката по вработен изнесувала нешто повеќе од 11.100 евра на годишно ниво. Анализата покажува дека најголема добивка по вработен има во Автонова, која изнесува 40 илјади евра по вработен на годишно ниво.

    Најголем раст на добивката во текот на минатата година има кај М КАР, кои се зголемени за 140 отсто, но компанијата има и раст на приходите кои се зголемени за 52 отсто, додека бројот на вработени е на исто ниво. Висок раст на добивката од 78 отсто, покажува и Тојота Авто Центар, при што приходите се зголемени за 25 отсто.  За 51 отсто е зголемена добивката  на Миркат, додека приходите се зголемени за 28 отсто. Најголем пад на добивката минатата година споредено со претходната регистрира, МИ ДА Моторс, одосно сега не прикажува добивка за разлика до претходната година, а има и пад на приходите од 17 отсто. Потоа висок пад на добивката има МАН Импортер од 63 отсто, но има раст на приходите од 9 отсто. Највисок пад на приходите од 54 отсто има Сканиа Македонија, а највисок раст на приходите има Волво и тоа за 41 отсто, а бележи и раст на добивката.

    Извор на податоци: „БизнисМрежа.Мк“.
    Анализа на податоци: Таргет Груп

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично