НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да бидете дел од тимот и да работите во динамична продажна средина, ве мотивираме да се пријавите на отворената атрактивна работна позиција:
Банкарски комерцијалист во експозитури
Валандово и Гевгелија
Твоите работни цели:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги за физички лица
- Следење на развојот на пазарот и континуирана грижа за клиентите
- Постојано унапредување на продажните процеси, банкарските продукти и услуги
- Проактивно привлекување нови клиенти; збогатување на клиентската мрежа на Банката.
Твојот профил:
- Универзитетско образование од економски науки или сродни профили (или студенти од завршни години);
- Истакнати комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиентите;
- Агилност, самоиницијативност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик на средно/напредно ниво.
Твој мотив да ни се придружиш:
– Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
– Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
– Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
– Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на [email protected] најдоцна до 10.08.2020година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.