Акциите на „Амазон“ се зголемија како резултат на пандемијата предизвикана од корона вирусот.
Основачот на „Амазон“, Џеф Безос заработи 13 милијарди долари за само еден ден, кога акциите на онлајн трговскиот гигант се зголемија на 2.962 долари.
Безос сега има 189 милијарди долари, со што тој е најбогат човек на светот. Сепак, она што многумина не го знаат е дека економистите пресметале дека не постои теоретска шанса тој да ги потроши сите тие пари во својот живот, што и да купи и во што и да инвестира.
Оваа година беше плодна за „Амазон“, што најдобро го илустрира овој факт: компанијата започна со цена на акции од 1.898 долари во 2020 година, но оствари максимална добивка во средината на кризата, кога сите други банкротираа. Ова е затоа што потребата за купување преку интернет нагло порасна, како резултат на мерките за карантин.
Повеќе од јасно е дека акциите може да одат нагоре и надолу, но и да паднат Безос останува цврсто на земја.