ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ја продолжи поволноста за бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 31.5.2020 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК Банка АД Скопје ги информира своите клиенти дека  ја продолжи поволноста за бесплатно користење и плаќање преку електронското E-bank и мобилното банкарство M-bank до 31.5.2020 година за физички лица.

    Банката нема да наплатува провизија за сите денарски трансакции направени од физички лица преку електронското и мобилното банкарство кон сметки во други банки. За извршувањето на интерните електронски трансакции, добивањето кориснички пристап и користењето на електронско и мобилно банкaрство како и досега не се наплатува провизија.

    Сите потребни информации за електронско и мобилно банкарство се достапни на веб страната www.ttk.com.mk.

    Изберете брз, едноставен, безбеден, 24/7 достапен начин за реализација на бесплатни денарски трансакции без потреба од посета на експозитура и заштитете го своето здравје и здравјето на другите!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично