Во борбата против COVID-19 повеќе од кога било претходно, клиентите сакаат да ги користат дигиталните услуги за брзо, лесно и безбедно да управуваат со своите финансии.
Затоа, Стопанска банка АД – Скопје направи продолжување до 15.06.2020 година на можноста за реализирање денарски трансакции од физичките лица БЕЗ ПРОВИЗИИ преку дигиталното банкарство (e-banking, m-banking, телефонско банкарство), при што опфатени се интерни и налози кон други банки (МИПС и КИБС).
Како и досега, апликацијата, токенот и добивањето кориснички пристап се бесплатни за клиентите на Банката.
Доколку сте ја заборавиле лозинката за најава, истата можете да ја обновите преку [email protected] или на (02)3100 109 во секое време од денот (24/7).